Каролина во фустан со тренди животински дезен и брутални сандали со кои ни демонстрираше беспрекорно летно издание
Една од најдобрите комбинации која ни покажа дека македонските убавици со право ги бие добар глас кога е модата во прашање
Дојде септември, завршија годишните одори и ние продолжуваме онаму каде што застанавме, токму онака како што прилега на преминот од една во друга сезона. Градот откако во летниот период беше празен, полека повторно почнува да заживува и да го враќа својот моден сјај и ритам, а нашите девојки низ улиците изгледаат поубаво од кога било досега и се уште ни даваат добри летни предлози. Една од нив е и згодната Каролина Гочева која на својот профил редовно објавува беспрекорни модни комбинации, а овој пат комплиментите ги собра со овие шик сребрени сандали на платформа со блок високи потпетици.
https://www.instagram.com/p/BkAyAJ9HMiy/?taken-by=karolinagocheva
Каролина овој пат целото издание го заокружи со кратко фустанче со тренди животински дезен и коса врзана во несредена пунџа, со децентна шминка и препознатливата насмевка на нејзиното убаво лице.
https://www.instagram.com/p/BkAxkZ0HYiY/?taken-by=karolinagocheva
Па, што велите за ова издание на Каролина?