Каролина во проѕирниот фустан изгледа како божица – инспирација за храбри жени од кои застанува здивот
Пејачката во ова издание изгледаше како милион долари
Каролина Гочева деновиве снимаше реклама за еден познат бренд на накит, но еден детаљ што го носеше посебно привлече внимание.
И како што е и очекувано, Каролина блескаше во ова свое издание, но белиот фустан што го носеше како да беше специјално за неа сошиен, па нашата популарна пејачка изгледаше како топ модел.
Станува збор за елегантен бел фустан со потписот на една од нашите најдобри модни креаторки, Јована Филиповиќ, направен од нежен, полу-проѕирен материјал, кој го истакна телото на пејачката.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
И бидејќи белата боја го открива секој недостаток на телото, Каролина со ова свое феноменално издание уште еднаш покажа зошто со години ја носи титулата за една од нашите најзгодни пејачки.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина целото издание го заокружи со накит со големи, зелени камчиња, додека косата беше пуштена нежно да паѓа преку голиот грб.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Потсетуваме, Каролина вчера одржа концерт за паметење во Струмица, а сите ги воодушеви и со тоа како изгледаше.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Имено, таа овој пат се појави во црвен кус фустан и со своето издание, но и глас, ги остави присутните без зборови.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Како најпознатата македонска пејачка изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение…