Каролина во осмата деценија има тело какво немаше ни на 20 години – „Променив само една работа во мојата исхрана“ (ФОТО)
Оваа 72 годишна баба има тело на кое можат да и завидуваат и манекенки
Соочувајќи се со дијабетесот таа во еден момент решила потполно да ги промени своите животни навики. Болеста ја натера потполн да се откаже од шеќерот и таа е убедена дека во тоа се крие и тајната на нејзиниот младешки изглед. Благодарение на новите навики што ги усвоила тогаш, таа и денес, на 72 години, е активна и изгледа совршено.
Пред 40 години реши дека шеќерот мора да го исфрли потполно
Нејзиниот живот пред дијабетесот бил потполно без контрола. Уживала во колачи и сите останати калорични задоволства без грижа на совеста и водела потполно нездрав живот. Но денес ситуацијата е различна – Каролина секоја ноќ си пружа „бјути слип“ од 8 часа, нејзините порции храна се контролирани, а шеќерот потполно го исфрли од исхраната.
„Постои толку здрави замени. Стевија е една од нив“, вели Каролина
Таа секојдневно на кожата нанесува крема со заштитен фактот и се обидува да го избегнува сонцето. „Свесна сум на штетните ефекти на сонцето бидејќи имав бениген рак на нос кога имав само 30 години и кој беше предизвикан од сончевите зраци, од тогаш многу внимавам на тоа“ вели таа.
Таа порано била зависна од шеќер, но денес не може да замисли нуту еден ден без правилна комбинација на протеини со останатите намирници.
Според Каролина, многу е важно да не му дозволите на вашиот организам да пати, односно дека нема потреба потполно да се откажете од некоја храна, туку да ја внесувате во разумни количини, но и да најдете нејзина здрава замена.
„Бидете внимателни додека јадете и вашите години нема да се познаваат“.
Каролина не крие дека имала неколку естетски третмани на лицето, но како што вели, никогаш не претерала.
„Не изгледам вака заради операциите. Сето тоа е заради мојата дисциплина, добрата волја и позитивниот став, но немам ништо против пластичната хирургија. Таа е тука да ни помогне да изгледаме што подобро“.