Главната причина е неверството на пејачката со Огњен Врањеш
Познатата пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се договориле околу разводот уште пред неколку недели и официјално треба да се разделат за месец дена, кога ќе се верификува договорот што претходно го направиле, пишува српскиот таблоид Курир.рс.
Разводот беше логична последица поради наводното неверство на Карлеуша со неговиот колега Огњен Врањеш, посебно откако се појавија „пикантните“ фотографии и љубовните пораки што завршија во медиумите.
Веќе подолго време се шпекулираше дека Карлеуша и Душко повеќе не се заедно и дека нивниот однос е на „стаклени нозе“, но поради непредвидени околности очигледно разводот решиле да го одложат, пишува Курир.
Тие додаваат дека Душко бил иницијаторот за разводот, а Карлеуша најпрво се противела, но на крај решила да се согласи на неговите услови. Во прилог на ова зборува и тоа што неодамна решија и да не се следат повеќе на социјалната мрежа Инстаграм, што фановите на Карлеуша го сфатија како знак дека во нивниот емотивен однос нешто не штима.
Тие се во брак 11 години и ги имаат ќерките Ника и Атина. Како што пренесува српскиот Информер, Карлеуша ќе го добие старателството над малолетните ќерки, 3000 евра алиментација и вилата во познатата населба Дедиње, додека Душко Тошиќ нивната луксузна куќа.
За целото време Тошиќ не се огласуваше во врска со разводот, но на Инстаграм често објавуваше семејни фотографии.
Карлеуша и Огњен завршија на суд и процесот се уште е во тек.