Карлеуша се прошета во своите штикли од 1000 евра и го „запали“ ИНТЕРНЕТОТ – и кусото здолниште изгледа брутално!
Не штеди кога е изгледот во прашање
Познатата поп дива блескаше на прес-конференцијата на која во Белград беше претставена програмата за Нова Година.
Популарната пејачка Јелена Карлеуша на овој настан дојде во црн мини фустан и црни хулахопки, моќен зебра капут и високи потпетици кои се хит во светот.
Во прашање е модел од престижниот моден бренд Версаче за кој ЈК потрошила 109о евра, односно околу 68.000 денари.
Покрај црниот модел, Јелена ваков пар поседува и во впечатлива розова боја кој досега го носеше неколку пати.
Таа уште кога го покажа на Инстаграм својот розов модел украсен со златни детали ги воодушеви сите.
Но како што познатата пејачка во една пригода ќе изјави, скапите парталчиња сами по себе не преставуваат ништо ако жената не е задоволна од самата себе.
„Тие не ви даваат љубов. Ако не сте задоволни од самите себеси, ако немате здравје, ако некој од вашите нема.. ништо не вреди“ им порача Карлеуша неодамна на претставничките на понежниот пол.
Што се однесува конкретно до овој модел од Версаче (Medusa aevitas platform pumps), во прашање се салонки со двојна платформа со дизајн за модните писти.
Моделот може да се најде во неколку бои, а како изгледа и колку чини на официјалната страна на брендот погледнете на крајот од галеријата.
Само да потсетиме, Карлеуша истите ги носеше на прес-конференцијата на која беше заедно со нејзините колешки Марија Шерифовиќ и Сара Јо.
Сите три пејачки се согласиле за дочек на Нова Година да пеат на плоштадот во Белград бесплатно, односно без хонорар.
Како што објавија медиумите, најпрво ќе настапи Сара, а потоа Марија и на крајот Јелена Карлеуша.
Карлеуша покрај настапот пред Собранието ќе има настап и во клубот Казино, кое се наоѓа во самиот центар на градот.
На крајот од галеријата погледнете и една неверојатна комбинација на Карлеуша со моделот во розова боја.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Версаче
Фото: Версаче
Фото: Версаче
Фото: Версаче
Фото: Версаче
Фото: Версаче
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша