Карлеуша се појави во досега невидено издание, а потоа зaплaкa пред КАМЕРИТЕ – еве што се случува со неа и Душко Тошиќ
Пејачката беше гостинка во емисијата „Шок ток“ на телевизијата Прва
Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша беше гостинка во емисијата „Шок ток“ која се емитуваше на 30 декември.
Таа во студиото се појави во егзотична жолта креација со која го истакна секој детаљ на своето занесно тело.
Од глава до пети!
Таа одговараше на бројни прашања на водителот Огњен Несторовиќ, а прв пат прозборе и за cкaндaлoт со фудбалерот Огњен Врањеш. „Поминав низ медиумски aтeнтaт, тоа се вика медиумско л*нчyвaњe“, изјави таа, а немаше воопшто убави зборови за фудбалерот.
Карлеуша во разговорот додаде дека со фотографиите, кои биле направени без нејзино знаење, била уценувана и таа и нејзиното семејство, а кога се потсети дека мајка и’ го изгуби животот во тоа време, не можеше да издржи, па во еден момент заплака, по што за кратко беше прекинато снимањето.
Но покрај нејзината исповед, она што не можеше да помине незабележано беше секако и нејзиниот стајлинг. Фановите велат дека никогаш не изгледала подобро, а на прашањето дали се уште во брак со Душко Тошиќ таа изјави:
Душко и јас живееме заедно, под ист покрив. Ги воспитуваме нашите ќерки. Ние сме во брак – изјави Јелена Карлеуша.
Инаку, Тошиќ е на одмор, со своите ќерки Ника и Атина, со кои пред неколку дена замина во Дубаи.
Јелена остана во Белград заради обврски.
Фото: Јелена Карлеуша
Фото: Јелена Карлеуша
Фото: Јелена Карлеуша
Фото: Јелена Карлеуша
Фото: Јелена Карлеуша
Фото: Јелена Карлеуша
Фото: Јелена Карлеуша
Фото: Јелена Карлеуша