Карлеуша распали по Кија поради туморот? Да фолирате дека сте жртва за да стекнете поени кај луѓето е потенцијално зло!

Пред неколку дена пукна како бомба веста дека Кристина Кија Коцкар има рак на дојката

Откако емисијата „Папарацо Лов“ ја сними Кија Коцкар пред Институтот за онкологија почнаа приказните за нејзината здравствена состојба. Таа следната недела има закажано да направи биопсија откако и беше откриена бенигна промена на левата града. Но ова не е прв пат за здравјето на Кија да се зборува во медиумите. И додека беше во Задруга нејзините пријателки за медиумите открија дека Кија додека била во брак со Слободан Радановиќ направила операција на тумор на матка, но и на цистите на јајниците.

ADVERTISEMENT

Јелена Карлеуша пак која е во војна не само со Кија туку со сите ријалити ѕвезди, воопшто не ја штедеше Кија. Имено, таа на својот Твитер објави статус за кој може да се каже дека се однесува токму за неа бидејќи само за нејзината здравствена состојба се пишуваше деновиве во медиумите.

„Секој кој на сожалување го гради своето место во општеството не е добар човек. Да фолирате дека сте жртва за да стекнете поени кај луѓето тоа сигурно крие некоја грда заднина. Познавам луѓе кои имаат доживеано големи трагедии, но не дозволуваа никој да ги сожалува, па дури и спротивно. А кој игра на таа карта, е потенцијално зло“, напиша таа на Твитер. Иако се уште не е потврдено дали ЈК овој статус го напиша за болна девојка, коментарите не се на нејзина страна.

Еве еден од таквите:

Го очекуваме и одговорот од Кија.

Извор: Espreso.rs

Facebook Comments
No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.