Карлеуша по cкандaлот со Тошиќ не престанува со своите бpyтални пpoвокации – и мразот се стопи од ова нејзино издание!

ЈК повторно во центарот на вниманието

Најголемата балканска поп ѕвезда Јелена Карлеуша деновиве ужива на Копаоник од каде сподели нови фотографии.
И како и секогаш, таа и овој пат успеа да го привлече вниманието, а нејзините фанови се воодушевени.
Имено, познатата пејачка позираше оскудно облечена и со своето феноменално тeло им се „спротивстави“ на ниските температури.

Карлеуша овој пат избра необична модна комбинација со која ги воодушеви своите бројни фанови, посебно заради нијансата која е хит оваа сезона и веќе можевме да видиме како ја „фураат“ бројни познати светски трендсетерки.
Пејачката позираше на балконот во јакничка и боди со кое совршено го истакна своето бомбастично тело.

Таа целото издание дополнително го „подигна“ со високите чизми-хулахопки кои исто така важат за тренд во светот, додека очилата и качкетот во зелена боја направија пејачката да изгледа како вонземјанин.

Токму затоа таа таков емотикон стави во описот на Инстаграм, па со нејзиниот скијачки стајлинг ги воодушеви сите.
Како изгледаше Карлеуа во ова издание погледнете во продолжение…



Зимување како модна ревија
Ова секако дека не беше единственото модно издание со кое Јелена се пофали на социјалните мрежи.

Имено, пејачката од Копаоник, каде што замина со своите ќерки, покажа дека и кога е како „закопчана до грло“ повторно сите се вртат по неа. Овој пат наместо очила за сонце, носеше маска за снег од Долче и Габана, а со истиот моден додаток се сликаше и нејзината ќерка, Ника Тошиќ.


Карлеуша своето црно издание го зачини со жолта јакна со животински дезен, а што се однесува до модниот детаљ од познатиот италијански двоец, пејачката само за него потрошила 400 евра.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша