Реклама
Коса

Карлеуша потполно го промени имиџот, нема шанси да ја препознаете – никогаш досега не изгледала вака

Потполна трансформација

Реклама

Ново шок издание на ЈК

Балканската „поп“ кралица, Јелена Карлеуша, веќе со децении е препознатлива и по својата руса коса која е нејзиниот заштитен знак.

Но таа сега на својот Инстаграм објави фотографија на која изгледа многу поразлично, и тоа благодарение на својата фризура.

Маркетинг

Имено, екстравагантната пејачка направи неверојатна трансформација, а многумина во ова издание не можеа да ја препознаат.

Маркетинг
Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Таа објави фотографија на која позира со нова боја на косата и стилизирана во „боб“ варијанта, но и со зелени очи.

На прв поглед Карлеуша изгледаше потполно непрепознатливо со црна боја на коса, а ова нејзино необично издание наиде како на позитивни така и на бројни негативни коментари на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Многу нејзини фанови сметаат дека нивната поп дива не требало да ја менува бојата на својата коса, но истовремено не беше мал бројот и на оние што и порачаа дека и во ова издание изгледа прекрасно и освојува на прв поглед. Но без разлика на коментарите, пејачката новата фризура ја направи најверојатно само за снимање на спот, а ќе му остане верна на својот стар имиџ.

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Или пак едноставно сакаше да ги види реакциите на нејзината војска фанови пред да направи една ваква голема промена.

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Што мислите – дали на Карлеуша и стои оваа фризура?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button