Карлеуша остана сама, нејзиниот сопруг ги зеде ќерките и замина – дали познатиот пар се разведува или во прашање е нешто друго?!
Јелена и Душко се разделуваат?
Многу медиуми во регионот веќе подолго време пишуваат дека бракот на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша е на лабави нозе, а некои и дека се разделиле.
Во прилог на овие гласини одат и нивното однесување на социјалните мрежи, иако Јелена цело време го негира тоа.
Најпрво фудбалерот престана да ја следи својата сопруга на Инстаграм, и тоа кога му беше роденден. Тој тогаш и ги сподели сите честитки од блиските, освен онаа на Карлеуша иако таа поприлично се потруди за неа.
Потоа беше со ќерките во Дубаи, без Карлеуша, а и сега замина на патување со своите наследнички, повторно беа неа.
Имено, Душко сподели фотографија од зимување на Златибор, каде го минува времето со своите наследнички и ужива со нив на снегот.
Карлеуша не е со нив, впрочем како што тоа беше и случајот кога Душко заедно со ќерките беше во Дубаи. Но сега за сега никој не знае дали не се заедно затоа што ја растуриле калимерата или заради обврските на Карлеуша околу снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.