Карлеуша не престанува да ги „ложи“ мрежите – по гостувањето кај Лазаров целата во злато (фото)
Оваа жена знае како да привлече внимание...
По гостувањето кај Стефан Лазаров Јелена Карлеуша покажа уште едно свое екстравагантно издание со кое ги воодушеви сите.
И додека кај нашиот најпознат јутубер беше облечена во црно и провокативно од глава до пети, овој пат заблеска како античките божици и повторно никого не остави рамнодушен.
Пејачката за оваа пригода носеше феноменална златна сукња со висок струк, а која беше зачинета со впечатливи златни кругови заради кои изгледаш уште поотмено и луксузно.
Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Таа во горниот дел имаше само златен топ со суптилен отвор и од истиот материјал, а целото издание го заокружи со стејтмент сандали со екстремно висока платформа и дебели штикли.
Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Не е злато се што сјае, напиша ЈК под овие фотографии…
Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Потсетуваме, Карлеуша неодамна гостуваше во поткастот кај Стефан Лазаров каде меѓу другото зборуваше и за разводот од Душко Тошиќ.
Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров
Таа тогаш изнесе дузина информации што ги изненадија сите, како на пример дека била „осамена и несреќна“ во бракот, а ги откри и причините зошто го изневерувала својот сопруг.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Сепак меѓу најемотивните моменти беше кога во студиото се појави Боки 13, а повеќе за ова дознајте тука…
.