Карлеуша и најпознатата грчка пејачка во исто издание – комбинезонот од 2500 € прва го носеше Јелена
И двете пејачки изгледаа неодоливо во ова издание
На социјалните мрежи се појавија фотографии од грчката пејачка Елени Фуреира во неверојатно скап комбинезон каков што претходно носеше и регионалната ѕвезда Јелена Карлеуша.
Елени е една од најпознатите пејачки во Грција и Купар, а покрај своето тело, позната е и по гламурозниот моден стил.
Пејачката сега носеше комбинезон од познатата француска модна куќа, кој балканската дива веќе ги има носено.
Фото: Инстаграм/ Елени Фуреира
Елени со ова провокативно издание се појави на еден од своите концерти, а фотографиите на кои е во друштво со некогашната победничка на Евровизија од Грција, Елена Папаризу, ги објави на својот официјален профил на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Инаку, во прашање е сребрен комплет, кој го истакнува женското тело, од познат светски бренд кој чини неверојатни 2500 евра.
Фото: Инстаграм/ Елени Фуреира
Ова не е прв пат некоја светска ѕвезда да го копира стилот на популарната балканска дива на поп музиката.
Фото: Инстаграм/ Елени Фуреира
Како што во една пригода истакна популарната американска водителка, Венди Вилијамс, Јелена Карлеуша досега ја имаат копирано и најголемите светски ѕвезди како што се Бијонсе и Ким Кардашијан, а германските магазини ја нарекуваат балканската Лејди Гага.