Цеца само од тезгата за Нова година ќе заработи колку за еден стан во центарот на Скопје, за разлика од Јелена Карлеуша која ќе заработи двојно помалку.
Цеца Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ, Александра Пријовиќ и Јелена Карлеуша за новогодишната ноќ од своите тезги ќе заработат суми со кои можете да купите еден поприлично голем стан во центарот на Скопје.
И оваа година најплатена е Цеца која по новогодишната тезга во белградскиот хотел Мајдан ќе биде побогата за 80.000 евра. Со неа ќе настапува младиот пејач Слоба Редановиќ кој во својот џеб ќе стави 15.000 евра.
За разлика од Цеца, нејзината ривалка Карлеуша и покрај тоа што веќе неколку месеци постојано е во центарот на вниманието, за Нова година ќе настапи во хотелот Хајат за двојно помала цифра од онаа на Цеца.
Дури и Марија Шерифовиќ ќе заработи нешто повеќе од Карлеуша, односно 45.000 евра, а Александра Пријовиќ 10.000 евра помалку од неа.