Карлеуша го запали Дубаи – облечена во „Версаче“ од глава до пети, и на ШЕИЦИТЕ им беше жешко од ова oпacно издание!
Карлеуша не престанува со провокациите од Дубаи.
Откако никого не остави рамнодушен со своите бомбастични фотографии и видеа од хотелскиот базен во Дубаи, Карлеуша реши да ги почести повторно своите фанови со уште неколку фантастични фотографии.
Но овој пат таа е закопчана до грло, а во центарот на вниманието не е нејзиното тело, туку она што го носи на него.
Имено контроверзната српска пејачка која веќе неколку дена доминира во Дубаи каде ужива со своите ќерки, овој пат го привлече вниманието облечена од глава до пети во еден од најпопуларните модни брендови.
Пејачката целосно беше покриено со парталчиња со потписот на Версаче, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Карлеуша изгледаше како Барбика облечена од глава до пети во розово, со што дојде до израз и нејзината преубава руса коса.
Таа носеше кусо фустанче и хулахопки, а жените беа воодушевени и од нејзините сандали со „опасни“ високи потпетици кои чинат преку 1000 евра.
Контроверзната пејачка целото издание го заокружи со златен накит од Версаче, огромна огрлица и прстен, додека на рацете носеше нараквица од еден од најпознатите светски брендови за накит, Картиер.
Карлеуша најпрво самоуверено се пошета низ холот на ходникот во елитниот хотел во кој е сместена, а потоа позирање во фоајето.
Пејачката под фотографиите и се обрати на познатата модна креаторка Донатела Версаче, но и се пошегува на нејзина сметка.
„Преземање на Дубаи. Инаку, Донатела ми е маќеа“, напиша Карлеуша во описот на видеото што го објави, а потоа го додаде и следново:
„Здраво Донатела дали ова го имаше на ум?“ обраќајќи и се преку Инстаграм на познатата модна креаторка.
Пречекана како кралица
Инаку, пејачката во Дубаи е сместена во еден од најелитните хотели. Пејачката за овој луксузен одмор ќе потроши минимум 10.000 евра, а со неа се и нејзините ќерки, Ника и Атина.
Карлеуша уште првиот ден се огласи со снимка од ексклузивните соби во хотелот, покажувајќи дека на постелнината се напишани имињата на нејзините ќерки, но и нејзиното име кое е извезено на баде мантилот.
Како изгледаше хотелот, но и овие детали од нејзината соба, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah