Карлеуша во трико го запали Инстаграм – заради овој необичен детаљ изгледа како милион долари
Популарната дива Јелена Карлеуша се обиде да им ја направи интересна изолацијата на своите фанови.
Јелена Карлеуша не престанува да ги воодушевува своите бројни обожаватели преку социјалните мрежи, а во последните неколку дена познатата пејачка им овозможи вистинско визуелно задоволство.
Карлеуша деновиве го направи интересен својот престојот во изолација – таа им го откри својот гардеробер на многумина и направи модна писта од нејзиниот луксузен двор. Имено, најпопуларната пејачка во регионот ги почести своите обожаватели со нови карантински фотографии, а еве и зошто нејзините нови стајлинзи овој пат се на самиот врв меѓу најпосакуваните.
Прекрасното трико под кое е извајано нејзиното бујно деколте го носеше со стил и гламур. Детаљот што особено им се допадна на нејзините обожаватели беше апликацијата со доларите и тесното трико што го носеше. Целата комбинација беше зачинета со фризура на Мерлин Монро и стилски потпетици кои совршено се вклопуваат во овој елемент.
Втората комбинација која исто така многу им се допадна на нејзините обожаватели е во нешто понежна нијанса. Розови пастелни бои – нијансите на пролетта кои одлично и стојат на Јелена, а ветерот во косата и совршена фризура беа победничката комбинација за ова издание.
А еве и уште неколку изданија со оваа фризура…
Кое од овие комбинации ви се допаѓа најмногу?