Карлеуша во златни сандали и чанта кои вредат богатство ја покажа ЛУКСУЗНАТА ВИЛА што ја доби како подарок од Душко Тошиќ
Обожава скапи работи, а така е украсен и нејзиниот дом!
Јелена Карлеуша покажа зошто им е инспирација на многу светски ѕвезди и повторно ги воодушеви сите.
Популарната балканска поп-пејачка овој пат позираше во црн топ и бело здолниште пред базенот што го има во својот двор, а целото издание го зачини со златна Версаче чанта и интересни скапоцени очила од Шанел.
Горниот дел е направен така што изгледа како да носи долги ракавици и костим за капење во црна боја, со необичен детаљ на рамениците што ги поврзува, додека здолништето е со шлиц до колковите со кој што Јелена во преден план го истакна своето феноменално тело.
Таа носеше и златни виски потпетици од Версаче со кои посебно ги воодушеви припадничките на понежниот пол.
Во прашање е мини чантата La Medusa од познатиот светски бренд за која Карлеуша издвоила 1150 евра, додека за сандалите „Medusa“ од истата дизајнерска куќа Јелена платила 1050 евра.
Инаку оваа необична креација што ја носи Карлеуша е од нејзината колекција што ја направи во соработка со еден бренд, а од коментарите повеќе од очигледно е дека им се допаѓа на фановите.
Фотографиите што ги објави Карлеуша се направени пред базенот што го има во својата луксузна вила која што со сопругот, Душко Тошиќ, ја купија од Драган Стојковиќ Пикси, уште во 2018 година.
Деновиве конечно беше завршено реновирањето на вилата, а пејачката покажа и како изгледа внатрешноста.
Вилата за која познатиот пар плати два и пол милиони евра сега целат е по мерка на Дивата, и целата зрачи со луксуз и елеганција, за што сведочи и првата фотографија на Карлеуша од реновираниот дом со која таа ги изненади своите бројни фанови на социјалните мрежи.
Сепак, омилено место на Јелена и е дворот кој е опкружен со високи ѕидови и во кој пејачката ужива во својата приватност со останатите членови од семејството.
Раскошната градина многу често е и местото каде што настануваат некои од нејзините најпpoвокативни фотографии, со кои пејачката никого не остава рамнодушен, па многумина се прашуваат како на нив реагира Душко.
Но Јелена во една пригода го откри и тоа:
„Душко одамна одлучи дека не сака да гледа што закачувам на Инстаграм. Не сака да знае, не сака да гледа“.
„Тој мене ме запозна како една смирена домаќинка која никогаш не се облекувала провокативно и тогаш се случи една неверојатна промена“, изјави своевремено во шега Карлеуша и додаде дека нејзиниот сопруг многу добро знаел во што се впушта кога ја избрал за жена.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша