Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша беше тешко болна, но Јелена и Дивна го криеја тоа со години – искашлувала крв, а болеста и е откриена во 2016

Реклама

Пријателите на Карлеуша решија да не и ја откриваат тажната вест на аеродромот во Австрија, туку откако ќе се врати во Белград.

Карлеуша се врати во Белград на 3 марти, а на аеродромот беше пречекана од своите соработници и пријатели Јована Дакиќ и Зоран Бирташевиќ кои дури откако влезе во автомобилот, и ја кажаа тажната вест – дека нејзината мајка Дивна починала.
како што пренесуваат српските медиуми Дивна почина во 12.30 часот во семејниот дом, во истото време кога Карлеуша се качувала на авионот кон Белград.

Маркетинг

За да не и се слоши пред и за време на летот, нејзините пријатели одлучиле најтажната вест да ја споделат кога ќе стигне во Белград.

Маркетинг

Мајката на познатата пејачка Јелена Карлеуша, поранешната радиоводителка Дивна Карлеуша ја изгуби битката со тешката болест во 61 година од животот. Најголема поддршка во борбата и беше Јелена Карлеуша но и нејзината помлада сестра Данијела Димитровиќ.

Дивна својот 60 роденден го прослави на 25 јануари заедно со семејството за кое беше многу поврзана.

„Кога моите бебиња ми ја пеат Денес ни е прекрасен ден, моето срце трепери од среќа“, напиша Дивна тогаш под фотографијата со нејзините внуки.

https://www.instagram.com/p/Bug31YEgFp9/

 

Инаку, Дивна во 2016 година беше хоспитализирана поради тешка здравствена состојба, а кај лекарите се јавила дури откако почнала да искашлува крв.

Виновник за нејзината тешка состојба биле цигарите, пишува српскиот Курир. Таа била толку голем пушач што побарала да излезе од болница по три дена откако била примена бидејќи не можела да издржи без цигари.

Таа и нејзината ќерка ги замолија своите пријатели и роднини да не зборуваат за нејзините здравствени проблеми, бидејќи не сакаа тоа да заврши во медиумите.

Последните зборови на Дивна во јавноста

Тие двете цел живот се подржуваа, а Дивна секогаш беше тука за Карлеуша во нејзината кариера.

Токму таа и помогна на свои 16 години да заплови во естрадните води, да се пробие и да стане славна. И нејзината последна порака што ја објави на социјалните мрежи беше упатена токму кон нејзината ќерка.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button