Карлеуша беше лудо заљубена во него и сакаше да му роди пет деца! На фотографијата таа има 19 години – еве кој е во прашање
Балканската дива Јелена Карлеуша веќе долги години е на сцената, а зад неа има и голем број скандали и афери.
Таа се прослави уште како тинејџерка, а на интернет се уште можат да се видат нејзини фотографии од тоа време.
На една од нив, која е настаната кога Јелена имала 19 години, пејачката е со своето момче од средно школо.
Јелена Карлеуша тогаш беше на самиот почеток од својата богата музичка кариера и пред камерите зборуваше дека со него сака да остане цел живот.
„На мене првата љубов ми се случи кога имав 16 години и ете, трае се до сега. Тоа е моето сегашно момче. Инаку, тој е моето прво моме. Се вика Немања. Тој е спортист и е моја голема поддршка во животот“ изјави Јелена.
Таа тогаш го додаде и следново:
„Јас се надевам дека долги години ќе бидеме заедно, како што сме веќе неколку години. Тој е човек кој многу ми помага и ми дава сатисфакција да продолжам да се занимавам со ова што го правам. Многу го сакам“.
„Се надевам дека ќе се омажам за него и ќе му родам пет деца“, изјави тогаш популарната поп пејачка.
Но за жал нивната љубов не траеше долго време.
Јелена по врската со Немања заплови во бурна романса со жестокото момче од белградскиот асфалт, Зоран Давидовиќ Чандо, се до неговата c*pт, кога беше y*иeн.
Инаку, Карлеуша деновиве заедно со своите ќерки Атина и Ника е на одмор во Дубаи од каде објавува фотографии со кои буквално ги тресе социјалните мрежи.
Покрај оние на кои носи костими за капење, пејачката остава без здив и кога е во своите мали вечерни фустани.
Погледнете и некои од овие изданија…
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша