Кардиолозите предупредуваат: Коронавирусот го напаѓа срцето повеќе отколку што мислевме, оваа работа е посебно загрижувачка
Од покачен крвен притисок, хипертензија боледува секој четврти човек. Се покажа дека тоа, покрај дијабетесот е состојба која најмногу се поврзува со тешките случаи на заболувањето од ковид-19.
Професор доктор Петар Оташевиќ од Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, вели дека студиите покажуваат дека коронавирусот може да зафати повеќе од 70 отсто од срцевиот мускул кај претходно здравите луѓе.
Петар Оташевиќ, гостувајќи на РТС рече дека пред 10 дена во светот се објавени две студии, кои испитувале како коронавирусот делува врз срцевиот мускул.
Тие покажале дека кај одреден број на болни коронавирусот предизвикува воспаление на срцевиот мускул, миокардитис, што доведува до бројни нарушувања, меѓу другото и на коморска аритмија, наведе Оташевиќ.
„Ново се дозна дека процентот на зафатеност на срцевиот мускул е поголемо отколку што се мисли, зафатен е и над 70 отсто кај претходно здрави пациенти. Тоа не тревожи зошто не сме сигурни дали тие оштетувања ќе се опорават во иднина или тие лица ќе имаат трајни проблеми, во смисла на хронична срцева слабост“, вели д-р Петар Оташевиќ.
Укажува исто така дека уште не може да бидат сосема јасни сознанијата на релативно мал број пациенти, но додава дека и срцевиот мускул кај младите лица може да го почувствува ударот од короната.
„Вие можете да бидете и млади и здрави, а да дојде до компликации. Ако сте имале претходни компликации, шансата е поголема, но не мора да значи дека немало да ги имате ако сте ги немале претходно. Акот сте млади, мислите дека „нема мене“ или „ќе имам поблага слика“. Ние однапред не можеме да знаеме кој ќе има компликации“, укажува професорот Оташевиќ.
Расте бројот на заболени од коронавирус – помалку има контроли
Д-р Петар Оташевиќ укажува дека не е секогаш лесно да се направи баланс меѓу споменатите епидемиски мерки и редовните контроли кои ќе спречат прогресија на основните болести.
„Како што расте бројот на заболените, имаме помал број на контроли. Нашето и светскоот искуство е дека во текот на пандемијата се намалил бројот на болни од акутен инфаркт на миокардот за дури 50 отсто. Не мислам дека не ги имало, туку луѓето не се јавуваа, а кога се јавиле, веќе поминало подолго време“, укажува експертот од Институтот „Дедиње“ во Белград.
На поликлиниката од Институтот се работи со полн капацитет и се закажуваат редовни контроли.
„Направивме контејнерски дел за да го намалиле бројот на болни на едно место, а да ги извршат своите прегледи. Ги работиме итните болни, хоспитално“, наведува Оташевиќ.
Тој апелираше до граѓаните да не го занемаруваат лекувањето на својата основна болест.
„Ако сте кардиоваскуларен болен, а не се контролирате, поголема е шансата да загубите живот поради компликации од основната болест отколку од коронавирус“, истакнува д-р Петар Оташевиќ.