Кардашијан во потполно идентично издание како и најпознатата Југословенка! Фановите во шoк, горат социјалните мрежи!
Една од најпознатите жени на светот, старлетата Ким Кардашијан, позираше во речиси идентично издание како популарната пејачка од Балканот.
Откако пред извесен период ја копираше Јелена Карлеуша, сега старлетата реши тоа да и го направи и на Лепа Брена.
Имено, Кардашијанката ја најави својата најнова серија костими за капење со крој што потсетува на 80-тите години на минатиот век, а во промотивното видео што го објави на својот официјален профил на социјалните мрежи изгледа потполно идентично како и Лепа Брена пред 40 години.
Откако видеото се појави на социјалните мрежи, се огласи и кралицата на фолк музиката.
Имено откако Кардашијан го објави видеото на кое носи ист костим за капење, иста фризура и шминка како и познатата фолк-пејачка во спотот „Робинка“, Брена се огласи и за српскиот Телеграф го изјави следново:
„Тешко е денес да се биде оригинален. Што и да се појави, веќе е видено. без разлика дали се работи за мода, ликови од шоубизнисот… Тоа што настана од 60-тите до 90-тите се епохални работи“, изјави таа за гореспоменатиот медиум.
„Единствено само технологијата може да не изненади, другото сé е веќе видено, но драго ми е што Ким сепак знае што е добро“, додаде популарната пејачка.
Како Брена изгледаше во спотот Робинка пред 40 години, а како Ким сега погледнете во продолжение…
Инаку Брена се уше важи за една од најголемите југословенски ѕвезди, а за нејзините концерти и денес се раскажува.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Она по што Лепа Брена беше препознатлива беа токму нејзините необични и екстравагантни стајлинзи кои никого не оставаа рамнодушен. Многумина ја сметаа за зачетничка на еден моден правец во регионот, а некои од нејзините највпечатливи стајлинзи од пред неколку децении погледнете на фотографиите во продолжение.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин