Ксенија Тану (30) од Гомел, Белорусија се натпреварува оваа сезона во „Ѕвездите ан Гранд“. Прекрасната девојка го привлече вниманието уште со првото појавување на сцената.
Таа е многу убав лик, згодна и атрактивна, а во исто време е многу скромна.
Нејзината приказна се издвојува од останатите, таа е до Белорусија, но веќе една година откако живее во Подгорица. Со сопругот и двете деца се преселиле во Црна Гора бидејќи тој е Црногорец.
Првиот пат кога се појави на сцената Ксенија само разбираше што и зборуваат на српски, но едвај знаеше да врати , па зборуваше на англиски јазик. За кратко време таа одлично се снаоѓа и веќе го зборува црногорскиот јазик. Одлично пее на српски , ова ја пофали и Марија Шерифовиќ која е нејзина менторка.
– Морам да кажам дека сите го забележуваме напредокот на Ксенија која за само неколку месеци одлично пее и зборува на српски јазик, а не знаеше да зуцне ни збор, рече Марија во последната епизода на шоуто која се емитуваше овој викенд, горда на својата кандидатка.
Инаку, една од главните причини за да се пријави на ова музичко шоу за Ксенија била токму Марија. Таа многу ја засакала кога го видела нејзиниот настап на „Евровизија“ со песната „Молитва“.
Ксенија успеа да го помине и овој круг и да се пласира во Полуфиналето. На сцената се расплака откако доби комплименти од Ѓорге Давид дека е родена за на сцена.
Ксенија има 30 години, мајка е на две деца, по професија е продуцент, а во слободно време сака да спортува. Тоа се забележува и по нејзината извајана фигура.
Погледнете едно интервју што го имаше Ксенија за црногорски медиум, колку симпатично зборува на црногорски, со грешки кои ќе ве насмеат.
Ова скромна девојка е голем фаворит во „Ѕвездите на Гранд“.
Еве дел од нејзините настапувања: