Нашата позната пејачка Калиопи Букле беше воодушевена од натпреварувачките во најновата емисија од шоуто „Никогаш не е доцна“.
Калиопи во последната емисија од ова шоу седеше покрај претседателот на жирито Саша Милошвиќ Маре и благодарение на талентот на овие ветеранки доживеа вистински сплет на емоции.
Таа едноставно не можеше да сокрие како се чувствува, па на нејзиното лице наизменично се менуваа насмевки и солзи.
– Сега мојата душа патуваше со вас – изјави Калиопи по настапот на овие дами додека колегата ја ладеше со хартијата бидејќи беше под силен впечаток од неверојатниот настап на една од кандидатките.
Како изгледа овие дами што ја воодушевија Калиопи погледнете во најавата за емисијата која што се емитува на телевизија Сител.
Инаку, „Никогаш не е доцна“ е единственaта шоу програма во регионот, која што им дава шанса на оние кои мислат дека за почеток на кариера било предоцна. Ова е натпревар на ветерани со интересни животни приказни и неостварени соништа кои го пекаат вистинскиот момент. Натпревар на луѓе со неверојатен талент за кои кариерата допрва започнува затоа што – никогаш не е доцна.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи