Реклама
Холивуд

Како Хурем ја сакаа сите, но сега поради нејзините трансформации гори интернетот

Реклама

Поприлично го промени својот физички изглед, а по појавувањето на црвениот килим во Кан многумина го критикуваа нејзиниот изглед

Турската актерка Мерјем Узерли се прослави со нејзината улога на султанката Хурем во хит серијата Сулејман Величествениот.  Таа набргу стана омилена актерка на љубителите на турските серии, па не ретко ја прогласуваа и за една од најубавите жени во Турција и покрај тоа што нејзиниот сексапил и убаво тело не можеа да дојдат до израз во серијата.

Маркетинг

Хурем неколку месеци откако ја роди Лара

Но актерката ги освои сите со својот несекојдневен шарм и природна убавина, а за брзо време и откако ја роди малата Лара повторно се врати во форма.

Маркетинг

Но последните фотографии од убавата Хурем предизвикаа лавина негативни коментари на социјалните мрежи бидејќи повеќе од очигледно е дека има направено нешто на своето лице.  Имено откако се појавија првите фотографии од Кан обожавателите ја критикуваа затоа што ги зголемила усните и го затегнала лицето, а најверојатно ги коригирала и јаболчиците бидејќи на фотографиите изгледаат истакнато како никогаш досега.

„Боже, што направи со усните, огромни се.“, „Премногу ботокс, зошто? Изгледаше прекрасно!“ „Целата си пластична“ се само некои од коментарите што можат да се прочитаат на социјалните мрежи. Негативните коментари не сопреа и покрај тоа што во преубавите фустани што ги носеше на црвениот килим изгледаше како никогаш досега.

https://www.instagram.com/p/Bi1VPqsgJHD/?taken-by=meryemuzerlimeryem

Но Хурем очигледно премногу не е загрижена за негативните реакции. Таа престојот во Франција го искористи максимум за уживање и одмор, а направи селфи и со многу познати личности меѓу кои и со актерот Џон Траволта и познатата германска манекенка Хајди Клум.

https://www.instagram.com/p/Bi40kEvAPA0/?taken-by=meryemuzerlimeryem

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button