Како ХУРЕМ СУЛТАН: Македонската пејачка се капеше турска бања – вака се ужива
Македонската Гранд ѕвезда покажа како се ужива.
Капењето во турска бања е вистинско уживање и максимално ќе ве опушти, а тоа го искуси и Марија, па се пофали на Инстаграм.
Марија Груевска огромна популарност стекна со своето учество на најпопуларното музичко шоу на Балканот, Ѕвездите на Гранд.
Уште со својот прв настан го воодушеви жирито, но и публиката и тоа со фантастичниот глас, но и со совршениот стајлинг.
Марија од круг во круг беше сѐ подобра, а голем впечаток оставаа нејзините ексцентрични креации.
Веднаш беше јасно дека ја очекува фантастична кариера.
По завршувањето на шоуто Марија максимално се посвети на кариерата и редовно настапува.
Убавото го спојува со корисното, а обожава и да патува.
Заедно со нејзиниот сопруг уживаат во секој момент додека посетуваат разни дестинации.
Овој пат Марија замина за Германија, каде одлучи да посети и турска бања.
Според фотографиите што ги објави на Инстаграм се чини дека пејачката навистина уживала.
„Ритуалите во амамот траат околу еден час. Но, ако сакате да останете подолго, само легнете на каменот и уживајте”, напиша таа.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска