Модни совети

Како се викаат малите украсни шешири што ги носат припадничките на кралскиот двор

Advertisement

Познатите шешири „фасцинатори“ се моден додаток без кој припадничките на кралскиот двор во Британија не се појавуваат на ниту еден важен настан.

Advertisement

Така беше и на венчавката на принцот Хари и поранешната актерка Меган Маркл за која можеме да кажеме дека воедно претставуваше и ревија на најоригиналните шешири што сме ги виделе на едно место досега.

Во прашање се шешири кои најчесто се носат малку искривено на едната страна, со задолжителен вел кој е осмислен како декоративен елемент на самиот шешир. Тие многу одамна се еден од омилените модни додатоци на припадничките на сината крв. Самиот термин „фасцинатор“ прв пат се споменува во 17 век, но тогаш се однесува на марамите што жените ги носеле замотани околу главата (слично како денешните турбани). Од зборот „fastened“ кој би можел да се преведе како „прицврстен“ извадено е името „фасцинатор“ и денес се однесува на шеширите кои на жените од кралскиот двор треба да им го пружи таа посебна, таинствена и мистична вибрација во нивниот изглед.

Advertisement

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button