Како сестри – ќерката на Џесикал Алба изгледа како двојничка на својата прекрасна мајка
Ново интересно издание на калицата на уличниот стил

Џесика Алба може да се пофали со својот фантастичен стил кој очигледно успешно го пренела и на својата 10 годишна ќерка, Хонор. Познатата и успешна деловна дама деновиве ужива во Милано каде отпатува заедно со својата најстара ќерка која како старее се повеќе личи на својата мајка.

Џесика (37) и нејзината ќерка се прошетаа низ Милано во ускладени изданија – убавата актерка носеше тренди фармерки со широки ногавици и непорабени рабови, кежуал сако од лен, а целото издание го заокружија со бели папучи и обетки во форма на големи алки. Нејзината ќеркичка пак носеше модерен комбинезон со пократки ногавици и патики, а краевите од косата ги украси со интересни прамени во впечатливи виолетови нијанси.




