Како од бајките: Погледнете ја собата на Ника Тошиќ- Душко и Јелена не штедат пари на своите миленички
Ужива во своето катче...

Помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ неодамна стана вистинска мала модна икона и инспирација за многу девојки на нејзина возраст.

Таа до неодамна беше само слатко девојче кое ги освојуваше срцата на пошироката јавност со својата искреност, харизма и непосредност, но Никако како преку ноќ да порасна во вистинска девојка.

Ника Тошиќ се повеќе внимава на својот изглед и имиџ со кој често експериментира и сето тоа го презентира на социјалната мрежа „Тик-Ток“ каде има армија обожаватели, а на истата споделува и моменти од нејзината мала империја во Дедиње каде обожава да го поминува поголемиот дел од своето време.

Тоа е и повеќе од јасно бидејќи катчето на Ника Тошиќ во величествената вила е вистински мал рај совршено прилагоден на потребите на една тинејџерка.
Собата уредена по најнова мода со гардероба полна со модерни ткаенини имавме можност да ја видиме во неколку наврати преку нејзините видеа кои ги споделува на споменатата социјална платформа, а со најновата објава, помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ни дозволи да ѕирнеме во нејзината бања, која обично се наоѓа во собата од бајките. Мама и тато очигледно се потрудиле Атина и Ника да ја имаат сета удобност и доволно простор за уживање, па за двете наследнички е обезбедена приватна бања, а онаа во која се облекува помладата убавица зрачи со вистински луксуз.
Watch on TikTok
Бањата на Ника Тошиќ е секако место каде таа поминува се повеќе и повеќе време, а благодарение на видеото забележавме дека се е уредено со многу вкус и стил, а доминираат кафените и беж нијанси. Има и најмодерно осветлување совршено за правење селфи.
Watch on TikTok
Со оглед на тоа што полиците во приватната бања на Ника се полни со парфеми, шминка и висококвалитетна козметика за нега, нема да бидеме изненадени доколку помладата миленичка на Карлеуша во одреден момент се вклучи во рекламирање на производи за убавина.
Watch on TikTok