Како изгледа Пријовиќ додека се шета со бебето (фото)

По породилното отсуство, Александра Пријовиќ им се врати на своите обврски.

Фото: Инстаграм

Убавата пејачка деновиве ја започна својата летна турнеја и покажа дека публиката сака да ги слуша нејзините песни и да ја гледа на настапите.

Нејзиниот прв концерт по породувањето воедно беше и прв заеднички настап со новиот бенд „Folk Haus“, а публиката беше и повеќе од воодушевена.

ADVERTISEMENT

Но Александра одлично се снаоѓа и како мама, па секој момент од своето слободно време го минува со малиот Александар кој наполни четири месеци.

Благодарение на Инстаграм, обожавателите го следат секој чекор на познатата мама. Таа по породувањето најпрво почна да се појавува на телевизија, како и на важни прослави на своите пријатели, колеги и членови од семејството.

И за тоа време, како што таа самата изјави, синот Александар го чуваат баби и дадилки.

„Најчесто го оставам на мојата или на мајката на Филип, а често со нив е и жена која го чува и која ја сметаме за дел од семејството. Александар стана миленик на нашите семејства па сите се тркаат во тоа кој е го минува времето со него“, раскажа Пријовиќ за српските медиуми.

Повторно изгледа топ

Пријовиќ неодамна се пофали и со неколку фотографии на кои позира во костими за капење.

Имено, познатата пејачка објави фотографии со кои се пофали со својата витка линија, а нејзините обожаватели воодушевени од нејзиниот изглед ја почестија со бројни пофални коментари и лајкови. По ова таа објави уште една фотографија, на која позираше во црни бикини, а со која предизвика уште поголем хаос на социјалните мрежи.

Facebook Comments
(Visited 4.798 times, 1 visits today)