Реклама
Вирално

Погледнете ја првата вистинска снежна идила во Македонија и какво време не очекува за Нова година

Реклама

Метеоролозите најавуваат променливо облачно и студено време со провејување на слаб снег, особено на северот од земјава.

Фото: Конак Попова Шапка

Во планинските делови веќе може да се забележи првата вистинска зимска идила, а сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во северозападните и западните делови од државата додека во останатите делови коловозите се местимично влажни. Врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловозот се бележат на Попова Шапка, Тетово, Маврово и Павлешенци, па затоа ЈП Македонијапат апелира задолжително носење зимска опрема и внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Намалена видливост поради појава на магла од 150 –  200м. има на планинскиот превој Плетвар.

Маркетинг

Снег на Попова Шапка. Зимска идила која е објавена на Фејсбук страната на Конак Попова Шапка.

Фото: УХМР

Времето денес

Во поголемиот дел од Македонија ова утро е облачно и студено, со провејување на снег со слаб интензитет. Температурите на планините се под нулата, па возачите можат да ги очекуваат неповолни временски пригоди и зимски услови за возење. Но дежурните екипи на ЈП Македонија Пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Маркетинг
Фото: Конак Попова Шапка

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово, а со слаб интензитет во Крушево, Кичево, Македонски Брод, Делчево и на планинските превои Буково и Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти Автомотосојузот на Македонија и апелира да се вози внимателно и со брзина приспособена според условите на патот.

Во останатите делови коловозите се наместа влажни.

Фото: Конак Попова Шапка

Времето утре

За утрешниот ден, според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија се очекува променливо облачно во претпладневните часови, додека попладне сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Фото: AccuWeather

Времето за Нова година

За новогодишната ноќ ќе бие студено, но не многу. Според Управата за хидрометеоролошки работи на 31 не очекува сончево време со мала облачност, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во ноќните часови ќе се зголеми облачноста и ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Слично време не очекува и првиот и вториот ден во новата година. Ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button