Реклама
Секс

Како за само две минути да дознаете дали му се допаѓате

Реклама

Еве на што треба да обрнете внимание, за да одредите дали „падна” на вашиот шарм.

Со децении, експертите за говорот на телото откриваат суптилни движења кои откриваат дали еден маж е заинтересиран за жена. Но, едно нов истражување покажа дека буквално за помалку од две минути може да откриете дали му се допаѓате или не. Обрни внимание на – неговиот глас!

Маркетинг

Антрополозите на Универзитетот во Сасекс присуствуваа на таканаречените брзи состаноци (спид дејтинг) и ги снимаа потенцијалните двојки додека разговараат за да видат дали постои некоја шема во тоа.

Водечката авторка на студијата, д-р Катарина Писански, вели дека мажите ја спуштаат бојата на нивниот глас кога жената им се допаѓа и кога сакаат повторно да ја видат – а што повеќе ја сметаат за неодолива, нивниот глас е подлабок.

Маркетинг

И додека мажите сакаат да звучат машки, да имаат подлабок глас кога некоја девојката ќе им се допадне, жените во таквите ситуации го прават спротивното.

„Жените зборуваат со повисок тон и се обидуваат да го направат нивниот глас помалку монотон кога некој маж им се допаѓа“ открива д-р Писански. Меѓутоа, ако „почувствуваат” дека некој е заинтересиран за нив, несвесно ја намалуваат бојата на нивниот глас.

“Неколку студии покажаа дека мажите жените со попискав глас ги сметаат за поатрактивни и посекси“.

Жените со вакви гласови генерално се сметаат за поатрактивни, помлади и поженствени. Напротив, жените кои имаат малку подебел глас се сметаат за доминантни и позрели.

Истражувачите велат дека жените зборуваат со повисок глас кога околу нив нема многу “конкуренција”, во спротивно тие го намалуваат гласот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button