Како е да се биде принцеза – Кејт Мидлтон ја воодушеви малата обожавателка со одговорот на нејзинто прашање
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам за време на неодамнешната посета на Северна Ирска поминаа многу време разговарајќи со обожавателите кои се собраа да се запознаат со нив.
Според новинар на магазинот Тајмс, една мала обожавателка, девојка по име Хана, ја прашала Кејт како е да се биде принцеза, а таа се обидела да и одговори убаво и разбирливо за нејзина возраст.
Имено, девојчето и објаснила на Кејт дека за на училиште треба да напише биографија за војвотката. Во видеото Кејт објасни дека го сака тоа што има можност да запознае специјални деца како неа и да сретне многу различни луѓе за време на посетите и дека тоа е навистина супер.
Таа додаде дека сака да работи со млади луѓе, бидејќи сите се толку храбри и силни и дека е многу задоволна што таа и принцот Вилијам можат да ги сретнат на сите тие различни места што постојано ги посетуваат.
This is Kate telling Hannah what she likes about being a princess. Video courtesy of Bronagh Dobbin. pic.twitter.com/QsVW6BesG0
— Valentine Low (@valentinelow) February 28, 2019
Кејт го заврши својот одговор со зборовите: „Среќно со твојата биографија за во училиште”.