Како да уживате во празниците и истовремено да слабеете – три проверени тактики

Овој период од годината исполнет со празници е извонредно тешко време за сите што се обидуваат да ја одржат тежината, а за оние на диета воопшто и да не зборуваме.

Навистина е тешко да се одолее на сите искушенија кои постојано се појавуваат пред нас на богатите празнични трпези, од разните видови шарени колачиња до славната неизбежна руска салата. Така, повеќето луѓе едноставно се помируваат со судбината и сметаат дека додавањето на некое килце е скоро неизбежно во текот на празниците.

ADVERTISEMENT

Сепак, постои надеж. Можете да уживате во празничната вкусна храна без да имате негативни последици на вашата тежина, доколку се придржувате на неколку едноставни правила. Всушност, треба да усвоите неколку тактики кои ќе ги применувате без отстапки и не само што нема да се поправите, туку напротив – ќе успеете и да симнете неколку килограми!

Уживајте во празниците и не заборавајте дека тајната на убавата линија е во умереноста.

Тактика број 1:

Јаглехидрати јадете претпладне

Голем број на диети се базираат на избегнување или целосно отстранување на јаглехидрати од исхраната. Ако сакате да ослабете, вашата исхрана не треба да се заснова на јаглехидрати, но тоа не значи дека воопшто не смеете да ги јадете. Стручните лица велат дека можете да внесувате јаглехидрати, ако внимавате во кое време од денот ги јадете и во кои количини. Најдобро е да се јадат претпладне бидејќи така ќе имате доволно време да ги согорите во текот на денот, а истовремено ќе ви ја обезбедат потребната енергија. Нутиционистите им препорачуваат на сите што сакаат да ослабат појадокот да им биде најголем оброк во текот на денот и велат дека тој може да вклучува јаглехидрати. Останатите оброци во текот на денот треба да бидат помали и не смеат да содржат јаглехидрати.

Според тоа, јаглехидрати не се непријатели на витката линија, но важно е да се разликуваат добрите од лошите јаглехидрати. Лоши се оние кои предизвикуваат висок пораст на шеќерот во крвта, како компирот, белиот леб, белиот ориз, и други преработени намирници. Добри се оние кои имаат низок гликемиски индекс, како овошјето, зеленчукот, мешункастите растенија и интегралните житарки.

Тактика број 2:

Сите оброци освен вечерата треба да се засноваат на вегетаријанска исхрана

Строгата вегетаријанска исхрана е тешка одлука и малкумина се определуваат да го прифатат и доследно да го следат вегетаријанството како начин на исхрана. Но сепак, можете да внесете мали промени во овој правец без поголеми лишувања. Имено, можете да бидете вегетаријанци цел ден, се до вечерата, кога можете да јадете месо.

Ваквиот начин на исхрана се нарекува флекситаријанство. Флекситаријанците главно јадат храна од растително потекло, но повремено јадат и месо. Овој поим настана пред десетина години кога се појави книгата  „Флекситаријанска диета: Претежно вегетаријански начин на губење на килограмите, подобрување на здравјето, превенција на болести и продолжување на животот“ од авторката Дон Џексон Блатнер, која тврди дека не мора потполно да се одречете од месото за да уживате во здравствените предности на вегетаријанството.

Најдоброто кај овој начин на исхрана е тоа што нема строги правила и рестрикции. Во текот на денот се препорачува здрава и урамнотежена исхрана заснована на овошје, зеленчук и житарки за појадок и ручек, а по 18 часот во исхраната можете да вклучите и месо. Со ваквиот начин на исхрана нема да чувствувате ограничувања во поглед на одредена храна како месо, јајца и млечни производи, кои сепак треба да се јадат во умерени количини. Месо јадете само тогаш кога ќе почувствувате дека организмот навистина ви бара. Со исфрлањето на месото и млечните производи од повеќето свои оброци, ќе го намалите внесот на калории и масти. Сепак бидете внимателни бидејќи и веганската храна може да биде нездрава ако вклучува пржен зеленчук или преработена храна. Наместо тоа, бирајте непреработени намирници со многу влакна и протеини кои ќе му обезбедат на вашиот организам доволно хранливи материи.

Тактика број 3:

Правило 80/20

Правилото 80/20 не се  однесува на одредена диета, туку тоа е повеќе начин на живот кој треба да го усвоите доколку сакате да имате здрава телесна тежина. Според тоа, доколку сакате да ослабите и да ја одржувате вашата сакана тежина долгорочно, морате да го промените начинот на исхрана. Луѓето кои држеле строги диети се воодушевија со ова правило кое ги научи како да имаат урамнотежена и рамномерна исхрана. Правилото 80/20 ви дозволува да излегувате и да уживате во оброците и животот, без грижа на совеста.

dieta

Работата е многу едноставна и функционира на следниов начин: 80 отсто од времето хранете се здраво, додека во преостанатите 20 отсто можете да јадете што сакате.
Ова правило стана многу популарно во Холивуд, посебно меѓу славните лица. Познатата актерка Џесика Алба и славниот супермодел Миранда Кер се дел од многуте ѕвезди кои го усвоија ваквиот начин на исхрана. Треба да имате чести и мали оброци во текот на денот и над 80 отсто од нив треба да се сочинети од здрава храна.

Не се откажувајте и бидете доследни. Умереноста е клуч, како што вели Миранда Кер, која тврди дека ова правило направило чуда во поглед на нејзиниот однос кон храната.

Извор: www.fitsugar.com
Facebook Comments
(Visited 11 times, 1 visits today)