Реклама
Вирално

Како да се препознае короната без тест: Овој симптом непосредно им претходи на веќе познатите знаци на зараза

Реклама

Симптомите на коронавирусот не се секогаш видливи и лесно воочливи. Еден од оние кој се одвива во вашиот стомак може да биде предупредување на ковид-19.

Симптомот кој не е исклучиелно чест, но сепак бара да му посветите повеќе внимание е мачнината и диареја. Студија објавена во американското списание за гастроентерологија ги анализираше симптомите на повеќе од 200 лица на кои им е дијагностициран ковид-19, а дури 117 имале проблеми со варењето.

Маркетинг

Резултатите открија од прилика дека половина од пациентите за кои се тврдеше дека имале некакви проблеми со стомакот, вклучувајќи и диареја, мачнина или двете.

Исто така многу пациенти во Велика Британија биле позитивни на тестот иако единствен симптом била болката во стомак.

Маркетинг

Останатите пациенти рекле дека чувствувале болка во стомакот непосредно пред да ги развијат останатите познати симптоми на вирусот, вклучувајќи температура, кашлање и краток здив.

Кои се симптомите на ковид-19?

Почетните симптоми во горните дишни патишта се слични на настинка. Но ако кашлањето почне да се движи низ градите, во подрачјето на долниот респираторен систем, тогаш луѓето треба да бидат загрижени. Тоа е знак дека би можело тоа да е од инфекцијата со вирусот корона.

„Доколку се чувствувате како да ви е во градите, а потоа и подлабоко во градите, тогаш е поприлично сериозно“, вели докторот и го додава следново:

„Тоа е моментот кога вашето тело почнува да реагира на тоа. Вашето тело претерано реагира на вирусот и создава оштетувања на градите, и тоа е моментот кога ситуацијата е најсериозна. Во моментот кога ќе премине од лесна настинка во воспаление на градите морате веднаш да посетете лекар“ вели Вилијам.

Но како што предупредува тој, луѓето најпрво треба да се јават кај докторот или во болницата, пред да одат на тестирање или лечење. Тоа ги намалува шансите заразеното лице да шири болеста, односно корона вирусот, на други луѓе при транспортот или во ординацијата кај докторот.

Сепак, во сериозни случаи, повикајте брза помош, вели тој.

Кај повеќето луѓе, околу 80 %, симптомите ќе бидат благи, поблиски до настинката, а некои нема ни да ги забележат.

Но околу 15 % ќе добијат сериозно воспаление на градите, а некои од нив ќе бидат и во критична состојба.

„Некои луѓе можат и да го изгубат животот од тоа“, вели докторот.

Ковид-19 VS грип

Како болеста Ковд-19 напредува, симптомите почнуваат да изгледаат како грип, кој се уште е присутен во овој период од годината. Заразените ќе почнат да имаат грозница, замор и болка во телото. Исто како и кај грипот.

И коронавирусот и грипот можат да донесат до воспаление на градите, во тешки случаи. Единствениот начин да се утврди разликата е со тест.

Кога одите кај доктор, прво веројатно можат да направат тест на грип за да утврдат дали имате или не. Ако имате грип тогаш тоа не е тоа, вели докторот Роберт Нортон, професор на Универзитетот Аубурн.

Кога почнуваат симптомите?

Повеќето луѓе ќе развијат симптоми од два до 14 дена по заразата од корона вирусот.
Дали луѓето можат да го добијат без да покажуваат симптоми?

Апсолутно да, вели Хазелтин. Некои луѓе се носители на вирусот и го имаат без да развијат симптоми.

И загрижувачки е тоа што луѓето кои се асимптоматски се уште можат да го шират вирусот па затоа сега социјалното дистанцирање е од суштинско значење во забавувањето на ширењето на болеста.

Кој е најмногу ризичен?

Како што вели овој доктор, сите имаат подеднаква шанса да се заразат од вирусот. Но одредена демографија е во многу поголема опасност да развие потежок облик на инфекцијата од новиот корона вирус.

„Ризична група на луѓе се постарите, бидејќи сите што се постари имаат послаб имунолошки систем. И секој што има сериозна астма или е тежок пушач. Секој на кој му е ослабен имунитетот бидејќи е на лечење од канцер, или прима нови лекови за артритис. Било кој од овие луѓе изложен е на поголем ризик. Но корона вирусот исто така може да биде кобен и за помладите луѓе ако добијат тешка инфекција на градите. Затоа младите луѓе не треба да мислат дека се имуни на оваа нова болест“, заклучува овој познат доктор.

Инкубација, симптоми и превенција

Инфекцијата од новиот корона вирус има период на инкубација од 1 до 14 дена. Но студија објавена во Журналот на американското медицинско здружение, откри нов доказ дека вирусот може да се шири асимптоматично. Според нивните преценки, секое заразено лице за време на епидемија во просек инфецира од едно до три лица.
Инфекцијата од корона вирус има широк спектар на симптоми, вклучувајќи и грозница, кашлање, кратко и отежнато дишење.

Благи случаи укажуваат симптоми како кај настинка, додека потешките можат да доведат до воспаление на градите, тешки респираторни заболувања, престанување на работата на бубрезите, што може да биде кобно за заболените.

Најдобра превенција е често миење на рацете и дезинфекција на површините, носење на маски и ракавици во јавен превоз и во затворен простор во кој има повеќе лица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button