Како да се заштитат нашите мајки и баби од корона: Правила кои не смеат да се игнорираат
Од коронвирус може да се заразат сите, но оние што се постари од 60 години се во ризична група и можат да развијат многу потешки симптоми. Смртноста кај луѓето постари од 80 години е дури 15 отсто. Затоа ако сте повозрасни, постојат посебни правила кои не смеете да ги игнорирате.
Си-Ен-Ен во соработка со два доктора специјалисти по геријатрија издвои неколку правила до кои треба да се придржуваат постарите лица. Притоа, нагласуваат дека иситите може да се модифицираат, во зависност од тоа колку научниците во догледно време ќе имаат нови информации за вирусот.
Мерки на претпазливост кои веднаш треба да ги превземете
Ако имате важен преглед или деловен ручек, истите реализирајте ги преку видео повик.
Ако сте загрижени за вашето здравје, алармирајте ги вашите пријатели, членовите на семејството или соседите. Некој од нив наведете го како свој контакт во итен случај кој ќе може во ваше име да побара помош.
Она што го правите во сезона на грип, правте го и сега – често миење на рацете (барем 20 секунди).
Што е со резервите?
Центарот за контрола и превенција од болести препорачува да купите доволно намирници и хигиенски производи кои ќе ви траат подолг период (Ова не важи за помладите кои имаат сила и енергија да пазаруваат секојдневно).
Купете си паста за заби, детергент, сапуни.
Направете оброци и замрзнете ги.
Погрижете се да имате лекови за подолг временски период.
Дневни активности
Постарите личности во критичните области треба особено да внимаваат. Се препорачува да избегнувате поголеми собирања во домашна атмосфера, особено во простории со послаба вентилација. Бидете внимателни каде се движите.
Продолжете да вежбате и да се храните здраво.
Како во карантин?
Луѓето кои спаѓаат во високоризичната група ги почитуваат строгите правила за самоизолација, иако експертите предупредуваат дека долгорочното изолирање може да биде кобно за постарите, најмногу поради осаменоста и депресијата.
Мораме да бидеме внимателни со карантинот, но не смееме старите лица уште повеќе да ги изолираме, тоа може да биде многу штетно, порача д-р Перисиното.
Значи, ако сте во самоизолација, не прекинувајте го контактот со семејството и со пријателите. Јавувајте им се почесто, многумина од нив не користат интернет.
Што да направите ако сте болни?
Ако покажувате симптоми и мислите дека сте заразени со коронавирус, повикајте го вашиот лекар. Ако тој процени дека треба да се тестирате, ограничете ги контактите со другите лица и не користете јавен превоз.
Ако ви е дијагностицирана блага форма на вирус, докторот ќе ве советува да останете дома додека не се опоравите. Во спротивно ќе бдете хоспитализирани и ќе ја добиете потребната нега.