Како да се близначки – погледнете како изгледа родената сестра на Милица Тодоровиќ
Не, таа не се занимава со пеење
За разлика од нејзината сестра, Милица Тодоровиќ многу млада влезе во музичките води. Таа кога имаше само 14 години ја започна својата кариера како пејачка и досега забележа неверојатни успеси.
Но додека за неа знаеме речиси се’, ретки се оние кои знаат дека убавата пејачка има две родени сестри.
Тие се викаат Јована и Анџела, и не се медиумски експонирани.
Помладата сестра се вика Анџела и за разлика од Милица има црна коса. Но тие многу личат една на друга, а тоа го забележаа и бројни обожаватели на Милица откако ги видоа на нивната заедничка селфи фотографија.
Сестрата на Милица денес работи како воспитувачка во градинка, актерка и модел, и е голема вљубеничка во латино ритамот, но не како пејачка, туку како танчерка.