Сите имаме омилен пар фармерки
Тие се едноставни за комбинирање, во нив се чувствуваме удобно и убаво, а со тек на време стануваме неразделни особено во нашите секојдневни изданија. Но добрите фармерки веќе одамна ги преминаа границите на лежерната облека и станаа дел од поопуштените вечерни комбинации во кои совршен спој пронајдоа со кратки „party“ маици и високи потпетици. И додека некои од нас се уште не се навикнале да ги носат во вечерни изданија, во последните неколку сезони тие се почесто го пронаоѓаат своето место и во деловните изданија. Да, од популарните „skinny“ модели до тренди фармерки со широки ногавици, фармерките добро изгледаат и во деловното опкружување кое не бара некој посебен код на облекување. Успешната формула се состои од внимателно избрани парчиња како што се елегантни блузи и кошули со кои ќе ја создадете онаа совршена рамнотежа и аутфит во кој истовремено ќе се чувствувате одлично, но и ќе изгледате дамски, модерно и професионално. Блејзерите исто така се еден од оние класични и тренди фаворити кои секогаш стојат одлично со нашите омилени фармерки, а преку зимскиот период ова важи и за капутите. Комбинирајте со елегантна деловна чанта и чевли со удобни потпетици и вашите омилени фармерки ќе го пронајдат своето место и во вашиот деловен изглед,
Topshop Hayden
Rachel Comey
Massimo Dutti
Massimo Dutti
M.I.H Jeans
Levi’s 501 High Rise
GRLFRND