Како набрзина да сварите вкусна зимска супа од брокули, без намирници полни со скроб како што е компирот?
Лесно, погледнете го рецептот.
Брокулата исто така и на многу возрасни, а не само на децата, им е многу непривлечна за јадење, поради нејзиниот мирис, што се должи на нејзината текстура, особено ако се превари. Но, со овој рецепт за густа супа од брокула, ќе и дадете шанса на оваа намирници и ќе го смените погледот на оваа нискокалорична и богата со влакна храна, бидејќи оваа супа покрај тоа што е многу здрава е и мошне вкусна и убава!
Брокулата, поради своите минерали и витамини, припаѓа на суперхрана која ќе ве исполни со енергија со часови, и тоа ако се консумира сурова. Изблендирајте ја со сок од лимон и откријте го „рудникот” полн со енергија со една голтка што ќе ве претвори во Брзиот Гонзалес.
Состојки:
500 гр брокули
1 парче праз
2 чешниња лук
1 гранче свежа или сува мајчина душичка
200 ml млеко
сол, бибер
маслиново масло
Неколку капки слатка павлака
Подготовка:
Измијте ја брокулата и одвојте ја во помали цветови. Празот исчистете го од земјата и добро измијте го и пресечете го во тенки прстени.
Ставете маслиновото масло во садот, загрејте го и додадете го лукот смачкан со нож, мајчина душица и штом ќе замириса ставете го празот.
Пропржите едно 5 минути додека празот не омекне.
Потоа додадете брокула во садот и истурете вода така што водата ќе го покрие зеленчукот. Кога ќе заврие, посолете и додадете бибер. Гответе за средна топлина околу 25 минути, односно додека броколи не омекне.
Измешајте со миксер во густа смеса, додадете млеко, оставете супата уште малку да се провари, пробајте и по потреба дополнително зачинете со сол и бибер.
Песна што можете да ја слушате додека јадете …
Послужете во длабоки чинии или зделки и по желба покапете со слатка павкала.