Како да е излезена од филм: Македонската водителка на луксузен одмор – ужива како во рајот
Македонската водителка ужива на луксузен одмор во Хрватска.
Елена покажа како го поминува одморот оваа година и ги остави сите со подзинати усти.
Водителката Елена Најдоски изгледа како филмска дива додека ужива на крстарење во Хрватска.
Таа и нејзиниот сопруг, бизнисменот Бојан Најдоски обожаваат да патуваат, но и во луксузот и гламурот.
Тие навистина живеат живот со стил и секој слободен момент го користат да посетат некоја интересна дестинација.
Според она што го споделуваат на Интаграм, може да се заклучи дека се големи гурмани, а најчесто на нивното мени се наоѓа морската храна.
Елена е една од најзгодните и најубавите водителки на нашата сцена и секогаш се труди да е средена од глава до пети.
Вљубеник е во модата, а нејзиниот стил е доста инспиративен за жените.
За себе бели дека е амбициозна девојка, која е целосно посветена на својата кариера, а сето тоа ја направи нејзината емисија единствена и број еден во земјава. Токму затоа во „Живот со стил” гостуваат најголемите македонски, но и балкански ѕвезди.
Отсекогаш вложувала многу труд кога станува збор за физичкиот изглед, а тоа секако е видливо. На нејзината витка линија, кожа и тен може да позавидат и многу помлади девојки.
Летниот одор оваа година, таа и Бојан одлучија да го поминат во Хрватска.
Оттаму водителката сподели фотографии и видеа и се пофали дека одлично си поминува.
Нејзиниот кости за капење привлече големо внимание, а целиот стајлинг го надополни со шешир и очила кои направија да наликува на холивудска актерка.
Поглендете:
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски