Како во македонските народни приказни: Скарани јатрви и во кралското семејство!?
Британскиот магазин Татлер објави голема приказна за животот на Кејт Мидлтон во кралската палата, во кој меѓудругото се опишани и лошите односи со јатрвата Меган Маркл.
Наведувајќи дека односите меѓу двете војвотки се нарушени пред венчавката во Винзор, кога Кејт инсистирала деверушите да носат хулахопки, додека тоа не и се допаднало на невестата Меган. Освен тоа истиот магазин неколку пати наведе дека војвотката од Кембриџ е исцрпена од кралските обврски, кои паднале на нејзин грб откако си заминаа Меган и Хари од Велика Британија.
Откако овие вести одекнаа во сите светски медуми, се случи нешто навистина невообичаено за кралското семејство. Палатата преку своите претставници за односи со јавност одговори:
„Оваа приказна содржи многу неточни па дури и лажни и погрешни прикажувања, кои не се проверени во Кенсингтонската палата пред објавата“, порачаа од Кралството.
Ова е преседан на дворот, зошто членовите на кралското семејство инаку не реагираат на написите на таблоите, разни трачеви и наводи кои секојдневно се појавуваат во медиумите. Ако тоа и се случи, тоа е во многу ретки ситуации. Изгледа дека со написот се нарушува довербата на 38-годишната војвотка во целиот систем, чија постојана членка веќе долга низ години посветено работи на сите поверени задачи, сепак ги премина сите мерки на толеранцијата на кралското семејство.
Освен тоа, Татлер ја доведе во прашање и љубовта на принцот Вилијам кон покојната мајка Дајана, наведувајќи дека неговата тешта Керол Мидлтон е мајка каква што одамна посакувал.
Меѓутоа, во фокусот на приказната е и она што најмногу одекна во останатите медиуми, беше односот меѓу Меган и Кејт.
Ова не е првпат медиумите да пишуваат за лошите односи меѓу двете кралски сопруги. Ричард Кај, која го следи кралското семејство целиот свој живот, наведува дека односите меѓу овие две жени всушност се нарушени од самиот почеток, а дека хулахопките на денот пред венчавката немале премногу влијание во сето тоа.
Според неговото мислење, односто на Меган и Кејт стрмоглаво се нарушил по првото официјално интервју на принцот Хари и неговата тогаш, новопечена вереница. Атрактивната Американка тогаш ѝ ги покажа забите на целата нација и јасно ѝ даде до знаење дека нема слепо да ја следи традицијата и правилата кој се наметнуваат. Таквиот став не го делеше Британката Кејт, која пораснала почитувајќи го кралското семејство, а посебно откако и самата стана дел од него.
Кај тврди дека и самиот слушнал од неколку извори дека војвотката Кејт ѝ понудила на Меган да и помогне при адаптацијата, но тоа не поминало добро.
„Помошта може да биде остварена единствено ако биде добро прифатена“, рече овој, наводно близок пријател на војвотката Кејт, нагласувајќи дека Меган инсистирала на самостојно навикнување.
Со доаѓањето на Меган во Британија, непоправливо се наруши до тогаш многу блискиот однос на принцот Хари и Кејт Мидлтон. Наеднаш повеќе не поминуваа многу време заедно, а пријателската тројка: принцот Вилијам, неговата сопруга Кејт и принцот Хари со доаѓањето на четвртиот член станаа одвоени заедници кои не можеа така лесно да најдат заеднички јазик.
Зад сите наводи кои се испишани во популарниот магазин Татлер, главниот уредник Ричард Денен одговорно стои, чекајќи одговор од кралското семејство.
-Кенсингтонската палата знаеше дека пред неколку месеци почнавме да го уредуваме изданието со насловна приказна „Катерини Велики“. Дури ѝ ги замоливме заедно да работиме на целата приказна. Фактот дека тие негираат дека некогаш знаеле за тоа категорично е лажно, рече Денен.