Реклама
Блог

Како бре не му е срам?! На скопјани им е преку глава од глупостите на градоначалникот Шилегов и неговата тајфа

Реклама

Кога човек ќе направи една глупост, треба да му простите, бидејќи на секој може да му се случи. Но кога истиот тој човек наместо да го реши проблемот, од една глупост ќе влезе во друга, па потоа во трета, и се така, не нудејќи вистинско решение за ниту една од нив, и притоа последици трпат сите, тогаш под итно треба да преземете некакви мерки. Без разлика какви се неговите намери …

Новите мерки да се плаќа паркинг од 100 денари на Водно ги револтира скопјани. Прво мерката да не се вози воопшто со автомобил на Водно беше апсолутно погрешна – се жалеа родителите кои со своите деца сакаат да се искачат до врвот, но не и да се малтретираат со автобусите. Се жалеа и угостителите дека им паднал прометот откако беше донесена забраната. И наместо да се поправи грешката, градоначалникот Шилегов најави нова промена која е далеку полоша од првата. Имено, отсега скопјани што ќе сакаат да го посетат Водно ќе треба да платат за паркинг 100 денари за првиот час, а потоа по 50 денари за секој нареден час. Па така доколку сакате да го посетите Водно со семејството отсега покрај билетите за жичарата ќе треба да издвоите и од 200 до 300 денари за паркинг. (Или наместо да се искачите со семејството онака рекреативно, на брзина, а потоа и да завршите некоја работна обврска, сега Шилегов ви нуди потполно поинакво решение. Имено, сега скопскиот гениј во руво на градоначалник ви нуди опција да се качите само кога ќе имате цел ден на располагање па онака фино, на танане, да тргнете со градски автобус. Останатите денови – наместо Водно изберете ја адреналинската жичница на Кале – барем нема да банкротирате!).

Маркетинг

Фото: Фејсбук

Нема веќе вежбање на Водно!

Голем проблем ќе имаат и оние кои секојдневно се рекреираат на Водно. Имено ако Водно го избегнувавте преку викенд кога навистина има гужва (и која може да се реши на многу други начини) и одевте само преку недела, се паркиравте на Средно водно (кога нема живо пиле!) и од таму се рекреиравте до врвот на Водно (планинарскиот дом веќе одамна не работи, односно откако се отворија продавницата и кафулето на врвот, под крстот, што исто така е голема глупост, но очигледно тоа е дел од нашиот фолклор), сега откако ќе се воведе оваа „шилегова мерка“ најверојатно веќе нема да можете да го правите и ова. Имено ако сакате да се рекреирате на овој начин, откако ќе се направи новиот паркинг, ќе треба да платите како да сте биле во спа центар или како за билет за двајца за пливање во Борис Трајковски или Олимписки базен.

Маркетинг

Водно ТРЕБА да биде место за сите, а НЕ само за богатите!

Како пример би го земал градот Сапарева Бања во Бугарија. Таму карта за спа центарот со комплекс базени чини 10 лева за цел ден, значи речиси исто онолку колку што ќе потрошите само за паркинг на Средно Водно. Да не споменуваме дека паркингот во целиот град не се наплаќа – никаде! Доколку пак сакате да одите во планинарските центри кои се наоѓаат во непосредна близина на ова гратче, каде има жичарница која ќе ве однесе до Рилските езера, каде преку викенд доаѓаат илјадници луѓе од Софија, на улиците секогаш има по неколку вработени што го регулираат сообраќајот (кај нас на Водно ова е „сајн фикшн“) и имате милион слободни места за паркирање, а дневната карта за паркинг е околу 250 денари (или 50 стотинки на час, односно околу 15 денари!).

Решение …

Наместо да се изгради друг паркинг или да се означи дополнителни места за паркирање и да се среди хаосот, генијалниот Шилегов проблемот го реши така што ќе направи во широк лак да го избегнуваме овој дел од градот. Типично комуњарски со таа разлика што во нивно време барем се беше бесплатно. (Комуњарски во стилот на тоа дека ваквите одлуки НЕ се донесени за доброто на граѓаните, што всушност е работата на секој градоначалник, туку најверојатно во интерес на некои други „непознати“ причини!)

 

Е сега, можеби треба да се размисли овој закон да функционира само преку викенд, и тоа се додека не се донесе подобро решение (но со многу пониски цени, нели?). Или пак, на почетокот на улицата што води на Водно да се постави рампа (кај оние куќичките, веднаш откако завршуваат зградите) и да се плаќа некои 30 или 60 денари, и со тие пари да се уредуваат патеките и Водно, но 300 денари за едно качување на Водно навистина ги преминува сите граници.

Што мислите вие?

П.С.

До кога мислите планинарскиот дом на врвот на Водно да го држите затворен преку недела? Или кога ќе ги обновите дрвените детски лулашки и куќички кои во моментот изгледаат како сцена од хорор филм?

Како бре не ви е срам?!

Робин Хид Џуниор
Фото: Петре Шилегов/ Фејсбук

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button