Какво име ќе му дадат Меган и Хари на бебето? Можат да го крстат како сакаат, но ова правило МОРААТ да го почитуваат!

Меган и Хари ќе имаат повеќе слобода отколку принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Првото дете на британскиот принц Хари (34) и неговата сопруга Меган Маркл (37) ќе се роди ова пролет. Се претпоставува дека би можело да биде при крајот на март или почетокот на април следната година, а обложувалниците веќе се преполни со претпоставки како би можело да биде името – Алберт, Артур, Викторија и Дијана, но и имињата на бабата и дедото на Хари, Елизабет и Филип.

ADVERTISEMENT

Постои само едно правило

Меган и Хари ќе мораат да се држат до одредени протоколи кога ќе го избираат името, но ќе имаат многу повеќе слобода од војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кеј Мидлтон. Тоа е затоа што нивните деца немаат никакви шанси да седнат на кралскиот престол и со самото тоа не мора нужно и да се крстат според кралската традиција.

Токму затоа Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ќе имаат одврзани раце, но мораат и да почитуваат едно правило кое вели дека името на детето на смеат да го објават веднаш по раѓањето. Британските таблоиди претпоставуваат дека Хари ако добие ќерка, би можел да го избере името на својата почината мајка, принцезата Дајана, особено затоа што Кејт и Вилијам не одлучија за таа опција за да го заштитат детето од споредби и непријатни ситуации во иднина.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed