Почетокот на новата година впрочем како и самиот празник е одлично време за промена на фризурата. Оваа зима ви предлагаме да ги скратите шишките – и тоа многу пократко од вообичаеното.
И додека таканаречените „curtain“ или „перде“ шишки ја одбележаа и ба голем хит во 2018 година, следната дефинитивно ќе ги обележат шишките кои во „светот на убавината“ се познати како „baby“ шишки.
Во прашање се микро шишки кои се многу пократки од оние класичните, се сечат неколку сантиметри над веѓите и го отвораат лицето, со фокус на очите и веѓите.
Овој тренд во последните неколку месеци доживеа вистинска мала експлозија на социјалните мрежи, каде што многу трендсетерки одлучија да ги пробаат овие „новородени” минијатурни шишки кои во себе го носат духот на ретро стилот и совршено го вклопуваат во изгледот на секоја дама.
Baby шишките ги прослави холивудската убавица Одри Хепберн, а во последниве години во тренд ги враќаат модерните девојки како Џордан Дан, Руни Мара и Вини Харлоу на кои им стојат феноменално.
Овој тренд е идеален начин за промена на фризурата, создавање на модерен изглед и отворање на лицето. Инспирација за овој изглед секако дека нема да ви недостасува, и штом ќе го разгледате Инстаграм или Пинтерест со хаштагот #babybangs веднаш ќе сакате да се јавите кај вашиот фризер. И тоа овој пат со конкретна идеја…
https://www.instagram.com/p/Br_oL-OhhjB/