Каква морбидна СУДБИНА: Правнука на славната двојка од „ТИТАНИК“ директно поврзана со изгубената ПОДМОРНИЦА
Најновата информација која ја изненди јавноста проценете сами дали е само случајност или чудна судбина?
Нејаснотиите со исчезнувањето на подморницата „Титан“ продолжуваат да се заплеткуваат, а работите стануваат зачудувачки за јавноста.
Најновата информација која ја изненди јавноста проценете сами дали е само случајност или чудна судбина?
Подморницата што исчезна на патот до Титаник, има една необична врска што ја поврзува со потонатиот брод. Венди Раш, сопруга на капетанот на подморницата, Стоктон Раш, основач и директор на OceanGate е и правнука на патниците кои загинаа на Титаник, пишува Би-Би-Си.
Се работи за славната двојка Исидор и Ида Штраус, кои патувале во прва класа на Титаник, а се споменуваат и во култниот филм. Нивната трагична љубовна приказна е позната за целиот свет.
Исидор Штраус одбил да влезе во чамецот за спасување додека не влезат сите жени и деца, Ида, неговата 40-годишна сопруга, не сакала да замине без него. Двајцата биле видени како стојат рака под рака на палубата на Титаник додека бродот тонел. Во филмот „Титаник“, тие се прикажани како двојка прегрнати во кревет како ја чекаат смрт додека водата навлегува околу нив.
Телото на Исидор било извлечено од морето околу две недели по потонувањето, а посмртните останки на Ида никогаш не се пронајдени, пишува Њујорк Тајмс.
Нивната правнука Венди Раш (Венди Холингс Веил) се омажила за Стоктон Раш во 1986 година. Таа е директорка за комуникации во OceanGate и, според нејзината страница на LinkedIn, досега три пати била на потонатиот брод Титаник.
Венди во неизвесност чека вест за судбината на својот сопруг и на другите четворица патници на исчезнатата подморница на патот до Титаник.
По исчезнатата подморница се трага веќе неколку дена.
Петмина богати туристи тргнале во авантура која требало да ги однесе до потонатиот брод Титаник. Подморницата добро тргнала, а потоа, во неделата, и се губи секоја трага.
Залихите со кислород во подморницата се доволни за четири дена, што значи дека денеска е критичен и последен ден кога се во прашање нивните животи. Засега се уште не е јасно зошто исчезнала подморницата.