Заради пандемијата со корона вирусот престанаа патувањата, но се одложи и почетокот на летната сезона
Еве неколку стручни совети за тоа кога ќе можеме повторно да патуваме. И додека некои веруваат дека дури следната година е реално да планираме безбедно патување, постојат оптимисти кои велат дека оваа летна сезона не е во целост пропадната, пишува магазинот „Сан“.
И додека сите летови во април и мај се откажани, авиокомпаниите очекуваат пикот на патувањата да го доживеат во ударните летни месеци, јули и август, со надеж дека летовите ќе се вратат во нормала во текот на јуни.
Од друга страна совет на многу експерти од областа на туризмот е дека на почетокот на летната сезона е најдобро да се придржувате кон патување низ вашата земја, а се предвидува дека есенските и зимските дестинации оваа година може да бидат попопуларни од кога било досега.
Кога ќе може да патуваме за Франција?
Вонредната состојба во Франција е продолжена до 11-ти мај.
Во моментов, туристите не смеат да влегуваат во земјата. Но сепак, сè уште има светло на крајот на тунелот. Имено, Тур де Франс е одложен за август, што значи дека ќе може да патуваме тогаш низ оваа земја.
Сепак, за секое патување, треба да се почека да се смири ситуацијата, како во Франција така и во светот.
Што е со патувањето во Шпанија?
Туристичките агенции од Шпанија велат дека забележуваат зголемување на резервациите за август и септември, што им ја враќа надежта дека тогаш сезоната би можела да биде во нормала. Од друга страни, други претставници во власта велат дека не очекуваат враќање во нормала на ситуацијата до јуни или јули и дека овие очекувања може да бидат и превисоки.
Што е со Грција?
Иако островите Санторини, Крит и Кос немаат регистрирани случаи на заболени, до 15 мај сезоната сигурно нема да започне, иако во оваа земја традиционално започнува за Велигден.
Според локалните медиуми, ако вирусот се смири, сите мерки може да бидат укинати до јули. „Јуни е најраната опција“, вели Кристина Тетрадис, портпаролка на Хеленската стопанска комора .
Турција ќе биде прва?
Турската влада се уште е оптимист дека земјата може да биде отворена за деловни активности до крајот на следниот месец.
Министерот за култура и туризам Мехмет Ерсои рече дека се надева дека во неговата земја туристичките активности би можеле да започнат за време на рамазанските празници, на крајот на мај.
Министерот додаде дека очекува редовните летови да се вратат во нормала до крајот на јуни.
Дали вака ќе изгледа летото оваа година?
Идејата што ја предложи една италијанска компанија не им се допадна на многумина. Имено, нивната скица отсетува на научно-фантастични филмови, ако ја земеме во предвид ситуацијата, токму така би можело да изгледаат и летувањата во иднина, барем кога станува збор за Италија.
Италија е земјата која е една од најтешко погодените од вирусот корона, но сепак тие не се откажуваат дека сè ќе се реши до лето и дека превентивните мерки ќе останат во сила во текот на летото. Една од идеите за тоа како би можело да изгледа – да се биде безбеден, но и да уживате во летото – ја понуди компанијата Модена.
Имено, нивната идеја е лежалките да бидат затворени со плексиглас, но да има и простор за играње на деца. За жал, јавните коментари се такви што тие повеќе не би оделе на одмор, отколку да лежат во кутија, па иако ова можеби е најбезбедна опција, сепак не е вистинската.
Погледнете како би изгледало летувањето на италијанските плажа во ваков случај.