Каде и да оди, секогаш овде се враќа – Ноне покажа каде ги полни батериите
Само дома си е дома.
Никаде на светот сонцето и месечината не светат како дома.
Некогашната пејачка Нона Неделковска својата музичка кариера ја започна уште многу малечка.
ФОТО: Инстаграм / Нона Неделковска
Во 1995 година првпат застана на сцена и тоа на фестивалот „Златно славејче“ со песничката каубои смели.
Нонa стекна огромна популарност и кај нас, а и во целиот регион, со учеството во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освои второто место.
ФОТО: Инстаграм / Нона Неделковска
По завршувањето на шоуто таа потпиша договор со Премиер продукција и ја започна својата професионална кариера.
Настапуваше на многу фестивали и освојуваше високи награди.
ФОТО: Инстаграм / Нона Неделковска
„Лесно ко два и два“, „Врати се ти“, „Најди малку време“, „Одбери ме мене“, „Твоја сум“, се дел од песните кои таа ги испеа, а станаа огромни хитови.
Иако овде уживаше голема популарност, таа сепак се одлучи да замине во потрага по подобар живот и си замина да работи на брод.
ФОТО: Инстаграм / Нона Неделковска
Нона е активна на Инстаграм, каде нејзините фанови може да следат каде е што прави.
Природата на нејзината професија е таква што секоја недела е на различна дестинација и ги има посетено најубавите места во светот.
ФОТО: Инстаграм / Нона Неделковска
Но, каде и да оди, Ноне повторно е враќа во својот роден Велес.
Деновиве таа си е вратена во родниот крај, па сподели и фотографии да покаже каде ужива.