Каде беа родителите на момчињата што ги злоставувал Мајкл Џексон?

Џејмс Сафхецук и Вејд Робсон дадоа големо интервју за Опра Винфри, заедно со директорот на документарниот филм за кој целиот свет зборува  во последните денови.

„Leaving Neverland“, трае четири часа и изобилува со отворени признанија од двајца мажи кои тврдат дека покојниот Мајкл Џексон со години сексуално ги злоупотребувал. Во прилог на Робсон и Џејмс, е прикажано како нивните родители се појавуваат во филмот, и како им овозможиле да ја поминат ноќта во домот и просторијата на Мајкл Џексон.

ADVERTISEMENT

Откако стотици илјади луѓе ширум светот веруваа дека покојниот крал на поп бил навистина педофил, прашањето што се поставува е – како е можно родителите да дозволат нивните деца да спијат во кревет со возрасен и никогаш да не се посомневаат во ништо?

Џејмс призна пред Опра дека тој се уште не и прости на својата мајка. Според некои тврдења, кралот на попот ја купил куќата на семејството на Џејмс и им дал пари, а таткото и мајката не се сомневале во Џексон. Џејмс призна дека неговата мајка најверојатно била заведена од појавата на Мајкл Џексон и дека на тој начин тој ја манипулирал.

„Не е лесно да и простам, пополека разговараме за нештата кои се случија “, рече Џејмс. Неговата мајка го погледнала документарецот „Leaving Neverland,”, но деловите во кои тој го опишал сексот со Џексон не можела да ги гледа.

Вејд Робсон е во добри односи со својата мајка..Робсон и неговата мајка имале сериозни проблеми во односите откако стана свесен дека Џексон го злоупотребувал, и таа му дозволила да спие со него.

Двете мајки имале тешкотии да се помират со фактот дека нивните синови биле злоупотребени, а особено со фактот дека се случувало речиси пред нивните очи.

Facebook Comments
(Visited 1.201 times, 1 visits today)