И Шарлиз Терон сака да носи хеланки онака како што „не смее“

ADVERTISEMENT

Слободно време го користи за да биде со децата

Познатата актерка ги посвои Џексон и Август и признава дека ужива во мајчинството но и дека како самохрана мајка се соочува и со голем број предизвици во животот. „Посвојувањето е многу лична работа. Знам луѓе кои многу ги сакам и кои не би можеле да чуваат туѓо дете како нивно. Тоа го почитувам. Но што се однесува до мене, а верувам дека не сум единствената што така размислува – никогаш не сум видела разлика во чување на посвоено и биолошко дете. Не чувствува како нешто да сум пропуштила“, вели таа.

ADVERTISEMENT

„Многумина ми имаат пристапено и ми кажале дека некои работи не ги правам добро. Моите деца пораснаа на формула и се сеќавам како една жена ме предупреди дека би требало да купувам мајчино млеко. Добрата работа е во тоа што на мене никогаш не ми било грижа што мислат другите“, изјави познатата актерка во едно нејзино интервју.

ADVERTISEMENT

А тоа дека навистина не и е грижа што мислат другите, го потврди и со своето последно модно издание. Имено, таа на патот кон градинката беше облечена во лежерно издание составено од сива маица, папучи и црни хеланки. Убавата актерка со ова покажа дека е една од оние дами кои можат да носат хеланки, како замена за панталони, речиси во секое издание.

Chanel, Resort 2017 (Фото: Getty)

Хеланките се враќаат на голема врата оваа пролет

Хеланките, односно „бициклистичките“ оваа пролет ќе бидат еден од највпечатливите трендови. Во прашање е спортски модел кој некогаш беше резервиран само за велосипедисти, а кои според ревиите на бројни модни куќи, оваа пролет и лето можеме да ги носиме каде сакаме.

Roberto Cavalli, пролет/лето 2019 (Фото: АФП)

Роберто Кавали предлага вечерна варијанта зачинета со блескави апликации во комбинација со чизми и „crop-top“, а модната куќа Фенди едноставна дневна комбинација со кошула и балетанки.

Џиџи Хадид во „бициклистички“

Тие се веќе хит и во плакарите на познатите дами, а дали ќе станат прифатени и помеѓу останатите жени ќе дознаеме наскоро.

Но затоа обичните хеланки како моделот што го фура Шарлиз можете слободно да ги носите речиси во сите пригоди, па погледнете неколку модели од новите пролетни колекции на познатите брендови.

Mango 1,490 MKD

Mango 590 MKD

Mango 1,490 MKD

Zara 1,190.00 MKD

Zara 1,290.00 MKD

Zara 1,290.00 MKD

Zara 790.00 MKD

Zara 790.00 MKD
Facebook Comments
(Visited 1.548 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT