Реклама
Холивуд

И убавата шведска принцеза ги обожава омилените патики на Кејт Мидлтон

Реклама

Шведската принцеза во шик издание се прошета низ резерватот „Nynas Nature“ во шведската покраина Седерманланд.

Убавата Софија заедно со сопругот, принцот Чарл Филип и двегодишниот син Александер уживаа во возењето на кочија разгледувајќи ги природните убавини на резерватот. Таа за овој повод блескаше во лежерно елегантно издание со кое потсетува на Меланија Трамп, а во нејзин стил не можеше да им одолее на тесните бели панталони кои ги носеше со маица во морнарска сина нијанса со додаток на бел материјал во форма на кошула, а целото издание го заокружи со патики со потписот на италијанскиот бренд „Suprega“ какви често носи модната миленичка на Британците, Кејт Мидлтон.

Маркетинг

Откако војвотката од Кембриџ ги носеше, најчесто во дневни изданија, претставниците на модната куќа за медиумите изјавија дека нивната продажба двојно се зголемила. „Продажбата скокна двојно и повеќе откако Кејт ги носеше неколку пати минатата година“ изјави за „Daily Mail“ портпаролката на брендот и додадоа дека „Superga 2750“ е нивниот најпопуларен модел на патики.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button