И Спенџарска ќе ги спакува куферите и ќе замине далеку од Македонија. Амбасадата ја напуштила со солзи на очите …
Нејзината насмевка кажува илјада зборови
Една од нашите најпознати водителки наскоро планира да ја напушти Македонија и да замине во земјата на бизоните.
Имено, Јелена Спенџарска на својот профил на Инстаграм сподели информација дека конечно добила виза за Америка и дека наскоро планира да ја посети оваа земја. Судејќи според нејзината фотографија, а и коментарот што го остави под неа, убавата водителка е пресреќна што наскоро ќе има можност да се прошета и да ја посети Америка, а ние со нетрпение ги чекаме нејзините први фотографии.
Еве што напиша таа на Инстаграм:
„Никогаш не сум била во Америка, не зашто не сум сакала, туку едноставно чувствував во себе дека не ми е вистинското време за таму.Не знам како конкретно да ви го објаснам ова. Нешто ми кажуваше да почекам зашто денот кога ќе стапнам таму ќе биде буквално остварување на се што претходно си имам замислено за себе и својот живот.
Чекав многу години и слушав разни ваши приказни каде сте биле, како сте поминале, што сте виделе и доживеале и никогаш не бев нестрплива и никогаш не се запрашав кога ли е моето време. Никогаш. Само знаев дека ќе дојде.
Бев на интервју кај една толку прекрасна госпоѓа во амбасада која со насмевка ме праша неколку прашања поврзани со моето патување таму.
Не поминаа ни пет минути, а јас веќе слушнав од неа – Enjoy your stay !
Така се насмеав од срце, излегов од просторијата и тие отприлика сто скали до другата просторија кај што ми беа личните работи ги поминав со солзи во очите. Надвор истураше, а мене ми беше преубаво. Немате појма колку бев возбудена и колку му бев благодарна на животот за тоа мало зелено ливче кое го имав во рацете на кое пишуваше visa approved !
Знам дека сега ќе си речете – ‘Еее голема работа добила виза’ , но не е баш така. Јас емотивно сум врзана за оваа виза и таа е голем, голем дел од мојата душа и уште поголем зашто се случува во вистинско време кога во мојот живот се случуваат големи трансформации. Не се селам, да се разбереме, одам малку да прошетам и да одморам ?. Уште поинтересно е што тој одмор ќе биде на океан, во бикини ? практично уште еден сон кој ми се остварува од години нананзад. Одиме со сестра ми и Љубљана во недела наутро.
Ќе биде забавно долгото патување со малата со оглед што се ја интересира и се сака да види и да фати ? Имам толку многу да напишам, но би сакала да скратам.
Само сакам да знаете: – Можеш да бидеш СЕ што ќе посакаш! – Можеш да имаш СЕ што ќе посакаш! – СЕ во животот е возможно!
California, here we come“
Од нејзината фотографија можеме да видиме дека Јелена навистина е пресреќна што добила виза, па и посакуваме убаво патување во земјата од нејзините соништа.