Реклама
LIFESTYLEВирално

И Скопјани може да си купат: Швајцарците почнаа да продаваат чист воздух

Реклама

Изреките дека некој  „продава магла” или „го наплатува воздухот” сега се поткрепени со докази.

Имено, една швајцарска компанија почна да продава свеж воздух во лименки наменети за жители на силно загадени градови, како што се оние во Кина и Индија .Според компанијата, воздухот се собира на различни локации во швајцарските Алпи и потоа се компресира во конзерви со маска за дишење.

Маркетинг

Седумлитарската конзерва чини 20 швајцарски франци (околу 400 денари) и содржи доволно воздух за околу 120 вдишувања или десет минути.

Маркетинг

„Производот е наменет за население кое живее во многу контаминирани подрачја, кои можат да го скратат животот и да предизвикаат многу болести”. Едно од овие швајцарски пакувања не е решение за проблемот, но толку е убаво кога можете да земете чист и свеж воздух за момент “, вели претставник на компанијата Дени Вур .

Тој открил дека нарачките се големи, и вели дека кинеските туристи во посета на Алпите се воодушевени од овој „производ “.

Што велите за идејава?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button